Сточлена делегација на Северна Кореја во Сингапур за средбата со Трамп

117

Делегацијата на Северна Кореја за средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со американскиот претседател Доналд Трамп, закажана за 12 јуни, ќе ја сочинуваат повеќе од сто лица.

Во делегацијата ќе бидат официјални лица и лица од службите за безбедност, пишува весникот „Стрејт тајмс“.

Се очекува лидерот Ким Џонг Ун да пристигне во Сингапур во текот на утрешниот ден.

Исто така, утре во Сингапур ќе пристигне и севернокорејскиот транспортен авион ИЛ-76 за да достави храна за делегацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...