Сите кои сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови од денеска до 9- ти јулиќе може да аплицираат за добивање на средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
– Преку оваа мерка ќе може да се градат нови риболовни пунктови, да ги реконнструираат и адаптираат постоечките, како и да направат рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал – вели диреторот на АФПЗР Николче Бабовски.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година
Во тек е и огласот за повикот од „Програмата за рурален развој“, односно „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“. Сите земјоделци кои од 1- ви октомври се до 31 – ви декември 2017- та година ги зголемиле стадата, или пак формирале нови, имаат можност да аплицираат за добивање на средствата од „Програмата за рурален развој“.
Со овие средства, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници( со исклучок на јуници од расата „Буша“). Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи( нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство. Освен поволности за набавка на расни грла добиток, од денеска може да се аплицира и за „Мерката за подигање на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади на ароматични растенија и медоносна флора.
– Условите за добивање на оваа мерка се : минималната посадена површина која треба да ја имаат е 0,2 хектари, како и бројот на садници да е соодветен на културата која ја имаат посадено – вели директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски.
Сите земјоделци кои ќе ја добијат оваа државна помош, имаат обврска бројот на расните грла, како и бројот на садници да ги задржат и во наредните пет години..