Во МКЦ вечерва „Дијамант“ од Дејвид Хол

240

Во Младинскиот културен центар – МКЦ вечерва во 20 часот ќе се игра претставата „Дијамант“ Дејвид Хол. Специјални гости на претставата се театарската дрег група од Лондон, The Lipsinkers.

Дејвид Хојл ја шири пораката за проблемите со родот и други политички прашања до публиката од 1990-тите години.

Дијамант претставува тегобно и пријатно патување низ ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година до денешните настани преку возбудливата биографија на Дејвид Хојл. Проткајувајќи го личното искуство со јавните настани, Дијамант го прикажува подемот на Дејвид од геј адолесцент во Блекпул до познатиот култен анти-дрег квир феномен на Канал 4. Неверојатно авангардно театарско дело, Дајмонд плови низ трансформацијата на геј контра-културите, квир родот и сексуалноста, и британските општествени ставови. Ќе им се допадне на сите што веруваат во борбата за еднаквост.

„Дијамант“ е дел од програмата на овогодишниот Викендот на гордоста Скопје 2018, фестивал што се одржува по шести пат, во организација на Коалицијата Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет на РМ. Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО., и трае од 7-10 јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...