Синдикатите во авиокомпанијата Ер Франс најавија четиридневен штрајк од 23 јуни поради проблем со платите.
Поради тоа, во текот на годинава имаше 15 дневен прекин на работата, што овој авиопревозник, втор по големина во Европа, го чинеше околу 400 милиони евра.
Компанијата најави дека следната недела ќе бидат понудени нови мерки за надминување на проблемот.
Фото:EPA/ROBIN UTRECHT