Кога Обама јадеше со Бордејн на пластично столче (ВИДЕО)

886

Поранешниот претседател на САД Барак Обама гостуваше во емисија на познатиот готвач и водител Ентони Бордејн, за кого беше соопштено денеска дека си го одзел животот со бесење во 61. година.

Тие двајцата јадеа виетнамска храна по 6 долари од оброк, пиеја пиво и седеа на пластични столчиња.

Во нивна чест, масата, столчињата и чиниите од кои тие јаделе се сместени во посебен дел покриен со стакло во овој ресторан.

Обама на Твитер изрази жалење за загубата на Бордејн.

„Ниско пластично столче, евтини, но вкусни нудли и ладно пиво. Вака го паметам Тони. Тој нѐ учеше за храната, но уште поважно за нејзината моќ да нѐ зближи. Да бидеме помалку плашливи за непознатото. Ќе ни недостасува“, напиша Обама на Твитер.

Телото на Бордејн беше пронајдено во хотелска соба во Стразбур, Франција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...