Наскоро одобрение на нов лек за главните симптоми на аутизмот

Американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration – FDA) ќе се обиде да ја забрза постапката за одобрување на лек кој би требало да ги реши основните симптоми на аутизмот.

868

Фармацевтската компанија Yamo Pharmaceuticals објавила дека од FDA добила ознака за забрзано развивање на лек под називот L1-79. Одлуката доаѓа откако резултатот на малото клиничко испитување утврдил дека лекот покажува значаен потенцијал, јавува Disability Scoop.

Прелиминарните податоци покажуваат дека во рок од неколку дена од почетокот на терапијата со лекот L1-79 дошло до намалување на раздразливоста, летаргијата, хиперактивноста и анксиозноста на некои пацинети како и подобрување на говорот, комуникацијата, социјализацијата и свеста за себе и за другите, што резултирало со подобрување на однесувањето и подобра контрола на пациентите, напоменуваат од фармацевтската компанија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...