Новиот Законот за јавни набавки, ќе биде донесен во октомври, а неговата примена ќе почна од лседната година. Ова беше речено на денешната завршна јавна расправа за текстот на законот со јавните институции.
– Во текстот на новиот Закон се предвидува зголемена транспарентност на постапките. Тој ќе ја подобри ефикасноста, ќе стави акцент на најдобрата економска понуда, ќе ги поедностави процедурите. Се обезбедуваат и услови за реална конкуренција. Предвидени се нови постапки, нови алатки во делот на електронските јавни набавки, има нови вредносни прагови за примена на Законот, но и зајакната контрола – рече министерот за финансии Драган Тевдовски на отворањето на расправата.