Која е најсекси жена за 2018 според „Максим“

По повод титулата од популарниот магазин, 25-годишната Аптон истакнала дека нејзиниот труд се исплател.

2992

Магазинот „Максим“ за најсекси жена на светот за 2018 година ја прогласи американската актерка и модел Кејт Аптон (Кетрин Елизабет Аптон).

По повод титулата од популарниот магазин, 25-годишната Аптон истакнала дека нејзиниот труд се исплател.

– Знаете, отсекогаш напорно работам на себе, за да се чувствувам добро и затоа вежбам, а се обидувам и психички да бидат што посилна. Оваа титула, да се биде број еден на листата на 100 најсекси жени е мала награда за сетоа тоа – раскажала Кејт во интервју за „Максим“, која со манекенство почна да се занимава на свои 12 години и нејзиното семејство се пресели од Мичиген на Флорида заради тоа.

Од „Максим„ пак изјавиле дека годинашната листа на 100 најсекси жени е за нешто многу повеќе од физичка убавина, иако дамите кои се номинирани годинава го имаат и тој квалитет.

– Сега, повеќе од кога било, треба да ги славиме паметните, моќни жени кои рушат граници и ни покажуваат што е можно, како и неверојатно талентираната Кејт Аптон која е ѕвезда на насловната страница – посочиле од магазинот.

По повод изборот за најсекси жени, Аптон позира на насловната страница на „Максим“ за изданието јули/август, фотографирана во песоците на Израел.

Од почетокот на составување на листата „Максим хот 100“ во 2000 година, изданието ги слави моќните жени, од модели ѕвезди како Стела Максвел, преку поп пејачката Тејлор Свифт до претходничката на Кејт Аптон, Хејли Болдвин која беше борј 1 на листата во 2017 година.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...