Буден Театар во понеделник ќе им приреди на децата театарско попладне во МКЦ Клуб Ресторанот, прикажувајќи две претстави од својот репертоар, музичка работилница и изложба на фотографии.
Претставата во движење „Палечка Малечка“ е закажана за 18 часот. Од 19 часот ќе можат да музицираат под водство на Владимир Мартиновски, а од 20 часот ќе биде одиграна интерактивната претстава „Писмо некому“. Во терминот од 19 воедно ќе биде прикажана и дигиталната изложба на Кирил Шентевски, која ги доловува миговите од неодамна одржаната турнеjа на Буден Театар во Ресен, Кратово и околните села.
Оваа турнеjа беше дел од проектот „Триаголници на Соработка”, кој е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија/ Швајцарската агенција за развој и соработка, преку кој Буден Театар цели кон подигање на квалитетот и ферквентноста на културните програми наменети за деца во помалите градови и руралните области.
Дечињата од Скопје кои сакаат да бидат дел од театарското попладне со Буден Театар, закажано за 11 Јуни во МКЦ Клуб ресторанот, можат да ги резервираат своите влезници на budnipretstavi@gmail.com. Цената на влезница за целиот настан изнесува 200 ден., додека цена за поединечна претстава 150 ден.