Крај за судскиот извршен дел на Мисијата на ЕУЛЕКС во Косово

Советот на ЕУ денеска одлучи да го промени мандатот на Мисијата на Унијата во Косово - ЕУЛЕКС, соопшти прес-службата на Советот.

96

Советот на ЕУ денеска одлучи да го промени мандатот на Мисијата на Унијата во Косово – ЕУЛЕКС, соопшти прес-службата на Советот.

Со денешната одлука се става крај на судскиот извршен дел на Мисијата во Косово, со што отсега Приштина ја презема во свои раце одговорноста за истрагите, обвинителството и судењата.

Од 14 јуни ЕУЛЕКС ќе се фокусира на мониторинг, советување и менторирање на косовските судски власти и поддршка за дијалогот Белград-Приштина.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, мисијата, сепак, ќе задржи извршна одговорност во одредени специфични судски области, како што е заштита на сведоци на пример.

Ревидираниот мандат на ЕУЛЕКС ќе трае до 14 јуни 2020 со вкупен буџет од 168,9 милиони евра за сите операции.

Мисијата на ЕУЛЕКС беше воспотавена во 2008 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...