Во герила акција, утрово пред портите на Град Скопје се најдоа ваучери за такси превоз на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
На „ваучерот“ пишува дека релацијата за превоз е од меана „Кај Вицето“ до Собранието на Град Скопје.
Откако беше презентиран проектот за бесплатен такси превоз на пијаните возачи, тој наиде на бурни реакции и потсмев на социјалните мрежи.
Станува збор за кампања со наслов „Ги возиме одговорните“ во која покрај Градот Скопје учествуваат и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 ресторани во Скопје.
По реакциите во јавноста, градските власти појаснија дека не станува збор за плаќање такси превоз од страна на Градот, туку дека ваучерите ќе ги плаќаат кафаните и рестораните, а се добиваат со нарачување такси преку онлајн апликација.