Старите гуми од Желино ќе се „тркалаат“ по автопатите

1091

Локацијата во општина Желино каде се гради фабрика за рециклажа на стари гуми денеска ја посетија премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, замeник министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу и советникот за животна средина и просторно планирање Драган Јованов.

Фабриката за рециклажа на гуми, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе биде единствена од ваков вид на Балканот, а предвидено е во овој погон да се вработат околу 400 луѓе.

Бенефитот од рециклажата на гумите е производство на смеса која може се користи и за изградба на автопатишта, пешачки патеки, спортски игралишта и слично.

Објектот е со големина од 4.500 метри квадратни, а е лоциран е во индустриската зона на општино Желино. Во склоп на оваа фабрика планирано е да се изградат уште две фабрики со различно производство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...