Денот на Земјата е подолг од порано, и постојано се издолжува, бидејќи Месечината се оддалечува од нас и тоа влијае на брзината на вртењето на планетата околу својата оска, сметаат научници од Универзитетот Висконсин-Медисон.
Месечината се оддалечува по 3,82 сантиметри годишно, и тоа го забавува вртењето на самата планета, но за да се наложи редефинирање на траењето на денот, ќе минат стотици милиони години. На пример, пред 1,4 милијарди години денот на Земјата траел само 18 часа.
– Оддалечувањето на Месечината има ефект врз Земјата како протегнати раце на акробат кој се врти – објаснува проф. Стивен Мајерс.