Мицкоски: Македонија на дното во Европа по економскиот раст

168

Државниот завод за статистика денес повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ. Според официјалните податоци, БДП во првиот квартал од 2018 година забележал раст од минимални 0,1%. Убедливо сме на дното, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Притоа, од приходна страна, пад од цели 37 отсто забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува не работата на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев. Немањето на сопствени проекти и стопирањето на проектите од претходната Влада негативно влијаат врз македонската градежна оператива и македонската економија во целост.

Дополнително, почитувани граѓани, пад од 7 отсто забележува просперитетниот сектор Информации и комуникации. Да потсетиме, во својата кампања СДСМ големо внимание посвети на овој сектор ветувајќи намалување на Данокот на добивка за ИТ компаниите за цели 50 отсто т.е. од 10 отсто на 5 отсто. Но, како што можеме да видиме нема ништо од тоа.

Од расходна страна, падот повторно е алармантен кај Бруто-инвестициите. Имено во првиот квартал од 2018 година, Бруто-инвестициите забележуваат пад од 9 отсто, со што продолжува политиката на деинвестирање, својствена за СДСМ.

Дополнително исполнувањето на капиталните инвестиции од само 7,4 отсто во првиот квартал од 2018 година придонесе јавната потрошувачка негативно да влијае врз БДП, односно да забележи пад од 1,4%. Овие податоци повторно го отсликуваат неработењето на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев.

Почитувани граѓани, за да ви биде појасно што всушност се случува со Македонската економија ќе направиме компаративна анализа со земјите од Европа. Имено, растот во првиот квартал од 2018 година на пример во соседна Србија е за 46 пати поголем од тој за истиот период во Македонија, или соседна Србија порасна во првиот квартал за 4,6 отсто, додека ние со скромни 0,1 отсто. Слична е ситуацијата и во Бугарија, за 35 пати поголем раст имаат соседна Бугарија отколку што имаме ние во првиот квартал од 2018 година. Хрватска 25 пати и рекордерот можеме да го споменеме и податокот за Полска каде што БДП во првиот квартал од 2018 година е за 51 пат повеќе од истиот во Република Македонија за истиот период во 2018 година.

Единствено нешто што успеа оваа цунами економска политика на Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев е да од првиот кварталот од 2018 година нето ги задолжи граѓаните на Република Македонија за повеќе од 300 милиони евра а притоа да не обезбеди раст на БДП.

Можеме да заклучиме дека вие не живеете подобро, граѓаните страдаат поради лошите економски политики. Ова е фијаско економија, ова е економија со која Македонија паѓа на дното. Ова е уште еден пораз на сите нас. И затоа ова мора да се смени. Граѓаните заслужуваат подобро, Македонија и граѓаните мора да победат – рече Мицкоски.

 

_______________

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...