Османи: Реперкусиите од мерките за челикот би можеле да имаат последици по севкупниот економски развој

159

Индустријата за челик претставува еден од столбовите на нашата економија, и евентуалните реперкусии од оваа криза на нашите билатерални трговски односи би можеле да имаат последици и по севкупниот економски развој на земјата, рече вицепремиерот Бујар Османи, кој заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши оствариле средба со Комесарката за трговија, Сесилија Малстром Брисел.

Османи и Бектеши изразиле надеж дека Унијата ќе ги има предвид сите овие елементи и согласно духот на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, евентуалните мерки за заштита на европската економија ќе бидат во согласност и со веќе воспоставените децениски односи помеѓу Македонија и ЕУ.

– Имаме искрена благодарност за огромните напори и инвестиции кои ги вложува Европската Унија за трансформација и усогласување на економијата на Република Македонија со онаа на Унијата, и со оглед на позитивниот развој на интегративните процеси во земјата, очекувам оваа соработка да се продлабочи – истакна Османи, цитирајќи го притоа Извештајот на Европската комисија, во кој, според економските критериуми, Македонија доби највисока оценка за усогласеност со економијата на Унијата, во споредба со останатите земји до Западниот Балкан.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...