Расмусен: Русија ако сака може да ја окупира Украина за неколку дена

Во случај на воен судир меѓу Русија и Украина, украинските сили би биле поразени за неколку дена, оцени поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој во моментов е советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.

857

– Ако Русија сака, руските сили би можеле да ја окупираат Украина за неколку дена, иако изминативе две-три години Украина значително го зајакна својот воен потенцијал како одговор на нападот на нејзината територија, изјави Расмусен во инетрвју за германскиот весник „Велт“.

Тој оценува дека иако нема сомнеж оти земјите членки на НАТО се подготвени да се справат со „моќен напад на руските тенкови“, сепак, според него, најдобар начин за одржување на мирот е одвраќање на потенцијалниот противник.

Расмусен смета дека Русија може да му се придружи на НАТО во кој било момент доколку ги испони неопходните критериуми.

– НАТО меѓутоа досега не доби најава за нешто такво од Москва, а да бидем искрен мислам и дека ништо нема да се промени ниту во блиска иднина, нагласува Расмусен во интервјуто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...