Авионските билети може да поскапат за 25 отсто

Авионските билети до крајот на оваа година би можеле да поскапат за 25 отсто поради повисоките цени на горивата и услугите, предупредуваат раководителите на повеќе авио-компании.

220

Авионските билети до крајот на оваа година би можеле да поскапат за 25 отсто поради повисоките цени на горивата и услугите, предупредуваат раководителите на повеќе авио-компании.

Даг Паркер, извршен директор на Американ Ерлајнс појаснува дека тоа би било реултат на кратењето на трошоците коишто скоро сите авио-превозници ги спроведуваат. Тоа поскапување би изнесувало 25 отсто во однос на постојните цени.

Се очекува цената на горивото и придружните давачки да се зголеми за 7 отсто во 2018 година.

Џек Шелдон, кој води своја интернет страница за информации за евтини авионски билети, советува тие секогаш да се резервираат преку туристички агенции, и тоа во моменти кога цената е барем 30 отсто пониска отколку во сезоната на одмори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...