Спанаќот сепак, смее да се подгрева

Советот на Европскиот Совет за информации за храна (EUFIC) да го избегтнуваме подгревањето на спанаќот е отфрлен по големите заложби на еден студент од Хонгконг.

721

Своевремено EUFIC предупредувал дека спанаќот и другиот темнозелен лиснат зеленчук во текот на подгревањето развива нитрозамини, потенцијално канцерогени состојки и предизвикувачи на таканаречениот синдром на плаво бебе до кое доаѓа поради недостаток на кислород во крвта.

Откако британски Индепендент пишувал за нивниот совет, овој напис стасал и до медиумите во Хонгконг, а еден студент се загрижил затоа што неговата мајка наеднаш престанала да ги подгрева јадењата од зеленчук од страв дека поради тоа ќе заболи од рак.

„Ѝ реков дека не треба да обрнува внимание на такви написи. До рак на дебело црево доаѓа токму поради тоа што луѓето не јадат зеленчук“, напишал тој во мејлот упатен до Индепендент.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...