„Баскерфест“ стартува утре од Охрид

63

Фестивалот на улични уметници „Баскерфест“ традиционално ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 12-ти до 17 јуни, но претходно карванот на ова улично шоу ќе помине низ неколку градови во државата.

Ќе почне утре во Охрид (8-ми и 9 јуни), в недела, 10 јуни, ќе помине во скопската општина Ѓорче Петров, на 15-ти и 16 јуни во Кочани, на 18-ти и 19-ти во Велес, на 20-ти и 21-ви во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22-ри до 24 јуни во општина Центар.

Организаторите најавија повеќе од 20 точки на изведувачи од повеќе земји, а посетителите ќе имаат можност интерактивно да се вклучат.

На годинашниот „Баскерфест“ ќе учествуваат акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со помош на огромен хулахоп, Мистер Ф од Франција – баскер-изведувач кој настапува со џиновскиот балон, Козани и Венди од Аргентина и Еспума Брума која оди на јаже, мајсторот на борачките вештини Хиро-Сан од Јапонија, Шпанецот Максимо Оптимо кој жонглира со моторни пили…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...