Осигурителните компании ќе ги кршат предрасудите на граѓаните за скапото осигурување

113

Компаниите од секторот ќе ги дигитализираат услугите годинава.

Разбивање на предрасудите на граѓаните дека осигурувањето е скапо и непотребно како и дигитализација на понудата е една од главните ангажмани на осигурителните компании годинава. Ова беше соопштено на прес-конференцијата на Здружението на за осигурување при Стопанската комора.

– Предрасудите дека осигурувањето е скапо, како и дека не е неопходно, многу често ги оставаат граѓаните незаштитени и наша должност е да придонесеме ваквите предрасуди да се надминат. За таа цел, Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија планира активности за финансиска едукација на јавноста, како и поддршка на активностите на Агенцијата за супервизија на осигурување за финансиска едукација на младите – рече претседателот на Здружението, Ѓорѓи Војновски.

Тој додаде дека компаниите во овој сектор планираат и поголем развој на незадолжителните класи на осигурување.

– На нашиот пазар и натаму доминира задолжителното осигурување од автоодговорност. За да го реализираме големиот потенцијал на незадолжителните класи, каде што треба да биде нашиот фокус, неопходно е токму ние, осигурителните компании, да го едуцираме пазарот. Од нас зависи колку ќе успееме да ги приближиме осигурителните производи до јавноста и до потенцијалните клиенти, колку ќе успееме да придонесеме да се надминат одредени ставови за осигурувањето- рече Војновски.

Здружението, исто така е вклучено во процесот на донесување на новиот закон за јавни набавки каде што бара најниската цена да не биде единствен услов за добивање на јавна набавка бидејќи таа не гарантира и квалитено осигурување.

– Воедно, поднесовме и иницијатива за одредени измени на Нацрт-законот за јавни набавки, меѓу кои се и предлозите поврзани со банкарските гаранции, односно осигурувањето на овие гаранции. На тоа укажуваат и компаративните законски решенија на некои земји од соседството, кои се членки на Европската унија, со цел да овозможиме што подобри услови за

Војновиќ информира дека оваа индустрија веќе почна процес на дигитализација на понудата. Прв чекор во тоа е потпишување договор за автоодроворност преку интернет.

– Почнуваме да нудиме електронска обнова на полиси за осигурување од автоодговорност, а наскоро секако ќе понудиме и многу други дигитални решенија. Еден од најзначајните сегменти во осигурувањето е доброволното приватно здравствено осигурување, за коешто осигурениците уште немаат доволно познавања и токму поради тоа, во нашиот фокус е информирање на јавноста за предностите што ги нудиме – додаде Војновиќ.

Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување смета дека процентот на намалување на договорите за осигурување е резултат на заострување на условите од страна на осигурителните компании и зголемените цени за одредени производи.

– Но една од причините се одлуките на Владите во однос на директно обештетување на населението кое претрпело некоја непогода. Тоа влијае населението да нема мотив за осигутување на имотот – вели Попоски.

Највиској пораст на цените на осигурување, како што информира Војновиќ, има кај земјодлскиот сектор.

-Тоа зависи од земјоделската култура и регионот во кој е засадена таа култура – рече Војновиќ.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување. Попоски информира дека лани осигурителните компании биле реалтивно успешни.

– Осигурителниот сектор забележа раст во однос на бруто полисираната премија (БПП) и бројот на продадени договори за осигурување, и покрај тоа што растот беше поумерен во однос на претходната година, што се должи на присутното влијание на ризици од неекономска природа во текот на 2017 година – рече Попоски

Позитивниот тренд е забележан во однос на порастот на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата. Од друга страна, друштвата на агрегатна основа забележуваат пад на остварената добивка од работењето. На крајот на 2017 година вкупниот капитал на друштвата за осигурување изнесува 6,03 милијарди денари. Лани е остварена бруто полисирана премија во вкупен износ од 8,99 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 3,10 отсто во однос на остварените од 2016 година.

– Во текот на 2017 година друштвата за осигурување склучиле 1.385.676 договори при што се забележува пораст од 7,19 отсто во однос на 2016 година кога беа склучени 1.292.749 договори. Од вкупниот број склучени договори, 1.368.439 полиси се во рамките на неживотно осигурување, што претставува пораст за 7,65 отсто во однос на бројот на полисите во 2016 година, додека 17.183 се полиси за осигурување на живот, односно зголемување од 25,12 отсто во споредба со 2016 година – рече тој.

Најмногу договори се потпишани кај задолжителното осигурување од автоодговорност со учество од 45,24 отсто. Бруто полисираната премија за за оваа класа на осигурување изнесува 4,07 милијарди денари.

– Втора поголема категорија во структурата на БПП претставува осигурувањето на имот со 15,97 отсто учество. Кај оваа класа на осигурување се забележува пад од 7,65 отсто или 1,44 милијарди денари, при истовремен пораст на бројот на склучени договори од 11,33 отсто што е показател за изразената ценовна конкуренција помеѓу друштвата за осигурување што доведува зголемениот број на продадени полиси да биде реализиран со пониски цени во однос на претходната година- појасни Попоски.

Тој информира дека  подем во осигурувањето е постигнат кај продажбата на здравственото осигурување. Склучени се 1.752 договори за здравствено осигурување со вкупна бруто полисирана премија од 58,09 милиони денари.

Осигурителниот сектор лани оствари добивка по оданочување во износ од 485,17 милиони денари. Кај друштвата за неживотно осигурување, 9 друштва остварија добивка во износ од 472,38 милиони денари, а додека пак 2 друштва остварија загуба во износ од 81,11 милиони денари. Кај друштвата за осигурување на живот, друштвата остварија добивка во износ од 93,90 милиони денари, и тоа 4 друштва остварија добивка од 104,18 милиони денари, а 1 друштво прикажа загуба во износ од 10,28 милиони денари.
Во 16-те друштва за осигурување вработени се 1.930 лица, што е речиси непроменет број во однос на 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...