Вицепремирот Кочо Анѓушев на денешната прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година соопшти дека има пад и на невработеноста.
– Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена- рече Анѓушев
Тој посочи дека растот на економските показатели во првите четири месеци од годината, покрај другото произлегува и од вработувањето.
– Овие бројки кои произлегоа како економска активност од друга страна мора да произлезат и преку вработувањето зашто економската активност не се создава без дополнителни вработувања. Бројката е позитивна, процентот на невработеност паѓа, но не би сакал да импровизирам, да кажам точна бројка- рече Анѓушев.