Најмалку 11 повредени при голема експлозија на силос крај Стразбур

Утрово околу 9.30 часот се случила голема експлозија во силос за жито крај Стразбур.

97

Утрово околу 9.30 часот се случила голема експлозија во силос за жито крај Стразбур, пренесоа медиумите.

Во инцидентот најмалку 11 лица биле повредени, а три претрпеле сериозни повреди поради што се во животна опасност.

Според првичните сознанија експлозијата не била подметната. Речиси 70 пожарникари биле испратени на местото на настанот, а над областа се издигнува огромен облак од црн чад.

Локалните медиуми известуваат дека полицијата ја опколила областа и дека постои можност за нова експлозија.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...