Една двојка од Хонг Конг успеа да продаде паркинг место за 760.000 долари. Тие го купиле просторот во 2017 година, за исто така неверојатни 430.000 долари, пренесува „Бизнис Инсајдер“.
Паркинг местото од 12,5 метри квадратни се наоѓа во луксузниот хонгконшки комплекс Ултима, во квартот Коулун, во којшто цените за метар квадратен се скоро трипати повисоки од просечните во Хонг Конг.
Овој елитен дел од кинескиот мегалополис е познат како едно од најскапите места за живеење во светот.