Претседателот на Русија Владимир Путин го објаснил појавувањето на своите фотографии со голото торзо, нагласувајќи дека кога е на одмор не смета дека е потребно да се крие зад грмушките.
Во интервјуто за австриската телевизија ОРФ новинарот го прашал од каде се појавуваат „полуголите“ фотографии на рускиот претседател, кои не ги објавуваат туристите и папараците, туку се објавуваат, на пример, на интернет страницата на Кремљ.
– Рековте „полуголи“. Му благодарам на Господ, не рековте „голи“. Ако сум на одмор, не сметам дека е потребно да се кријам зад грмушка и не гледам ништо лошо во тоа – рекол претседателот на Русија.
ФОТО: јутјуб и Пинтерест