Непрекинато шокира: Кончита што направи од себе! (ФОТО)

1457

Победничката на Евросонгот 2014 година Кончита Вурст (29) драстично го промени изгледот. На Инстаграм објавила низа фотографии на кои видливо ја скратила косата и ја обоила во светло руса боја. Исто така, и брадата е во истата боја.

Пејачката во описот на фотографијата се пошегувала дека сега изгледа како американскиот актер и борач Хулк Хоган (64).

Кончита неодамна објави дека е заразена со ХИВ вирусот и рекла дека е принудена да излезе со истата информација, бидејќи ја уценува поранешното момче.

„Се надевам дека и другите ќе ги охрабрам и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизацијата на луѓето кои поради своето однесување или однесувањето на другите се заразиле со ХИВ“, напишала Кончита, која е родена како Том Нојвирт.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...