Американската креаторка Кејт Спејд (55) денес извршила самоубиство.
Нејзиното тело го пронашла куќната помошничка во утринските часови. Како што пренесуваат светските медиуми, таа оставила и проштално писмо, но полицијата не ја објавува неговата содржина.
Спејд е родена на 24 декември 1962 година во САД. Таа беше позната по дизајнираните чанти, накит и женска гардероба.
Спејд креираше линија на чанти во средината на 90-тите години од минатиот век, со што направи бум на модната сцена. Нејзината компанија има повеќе од 150 продавници во САД и уште 175 ширум светот.