Актерот Висар Вишка ќе биде советник во Министерството за култура

1185

Актерот Висар Вишка ќе биде советник во Министерството за култура откако функцијата прв човек во оваа институција ја презема новиот министер Асаф Адеми од скопското крило на Беса предводено од Африм Гаши.

На социјалните мрежи вчера се појави и заедничка фотографија на Вишка и Адеми од министерскиот кабинет во Култура. Актерот вчера присуствуваше и на прес-конференцијата кога новиот министер ја презема функцијата од сега веќе поранешниот министер Роберт Алаѓозовски.

Информацијата дека Вишка ќе биде советник во Министерството за култура, ја потврди и лично актерот за „Независен весник“.

Вишка во последниот период во јавноста беше присутен како еден од предводниците на неколкуте протести за правда за четиригодишниот Алмир Алиу кој беше прегазен пред кумановската болница пред две години.

Покрај актерот, најверојатно во тимот на министерот Адеми ќе има и нови ликови, пред сѐ, ако се земе предвид дека покрај Алаѓозовски од Култура со него си замина и портпаролот Петрит Сарачини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...