Новиот министер за култура се запознал со вработените, со криминалот сѐ уште не

Во изјава за медиумите рече дека вчера денот го поминал запознавајќи се со вработените во Министерството и дека сѐ уште не навлегол во материјата за, како што рече, да ги разгледа документите како што треба. 

183

Министерот за култура Асаф Адеми не е во детали запознат со извештајот за неправилности во работата на Министеството за култура во 2016 година, што пред четири дена го објави Државниот завод за ревизија, но истакна дека се отворени за соработка со СЈО и надлежните институции.

Неговиот прв работен ден на функцијата министер денеска беше отворање симпозиум за менаџирање на културата, организиран од Амабасадата на САД во Македонија.

Во изјава за медиумите рече дека вчера денот го поминал запознавајќи се со вработените во Министерството и дека сѐ уште не навлегол во материјата за, како што рече, да ги разгледа документите како што треба.

– Но, ние сме отворени за сите институции. Специјалното јавно обвинителство е добредојдено да ги разгледа сите документи. Се сретнав со еден претставник на СЈО кој вчера беше во Министерството. Јас ќе продолжам, а тоа е политика и на Владата, секаде каде што ќе се открие криминал, ќе бидеме отворени за соработка со СЈО, како и со другите институции – изјави Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...