Уште една потврда за Шин Бет: Спречен план за напад врз Нетанјаху, амбасади и официјални странски лица

Според Шин Бет, покрај атентатот врз Нетанјаху и Баркат, терористите имале план и за напади врз американската Амбасада во Ерусалим и врз членови на официјалната канадска делегација што се наоѓа на посетаво Израел.

203

Израелската безбедносна служба Шин Бет денеска соопшти дека спречила напад врз премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и врз градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат.

Според Шин Бет, нападот чија директна цел биле премиерот и ерусалимскиот градоначалник, бил подготвен и организиран од Сирија.

Во врска со нападот се уапсени неколку лица, кои преку Јордан тајно пристигнале во Израел и требало да ја изведат акцијата.

Според Шин Бет, покрај атентатот врз Нетанјаху и Баркат, терористите имале план и за напади врз американската Амбасада во Ерусалим и врз членови на официјалната канадска делегација што се наоѓа на посетаво Израел.

Во коментар на ваквите информации Баркат изјави дека „ниту една закана нема да го заплаши“, додека премиерот Нетанјаху засега не се огласи во врска со тврдењата за планиран напад врз него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...