Италијанската банка „UniCredit“ и францускиот конкурент „Société Générale“ планираат да се спојат, објави „Financial Times“.
Анонимни извори за весникот велат дека извршниот директор на италијанскиот банкарски гигант, Жан-Пјер Мустие месеци лобира за зделката, но до сега нема преземено формални чекори и нема упатено официјална понуда до раководството на „Société Générale“.
Според весникот, и двете страни се во почетна фаза на преговорите, а една од главните причини за одложувањето на процесот е политичката ситуација во Италија.
Од банките не ја коментираат информацијата.
Доколку оваа зделка се случи ќе се создаде на еден од најголемите финансиски конгломерати во Европа.