Архео Парк Бразда – Европската година на културно наследство

163

Иститутот за Археолошки Истражувања на 9 јуни во 17 часот ќе ја одбележи Европската година на културното наследство во Архео Паркот Бразда.

“Промоција на владетелската гробница на археолошкиот локалитет Градиште-Бразда” е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на Европската Унија во рамки на повикот за предлози за одбележување на Европската година на културно наследство.

Главната цел е да ја подигнеме свеста кај локалното население за значењето на културното наследство кое го имаат во нивната непосредна близина, како и да ги поттикнеме да учествуваат во заштитата и одржувањето на Архео Паркот во иднина.

На самиот настан на 9 јуни во Архео Паркот Бразда ќе биде прикажан документарен филм за самиот локалитет и неговото значење, ќе има изложба на фотографии “Владетелската гробница од пронаоѓањето до денес”.
Во рамки на проектот се организираа и други активности наменти за различни таргет групи.

Сите овие активности се поддржани од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ ИнфоЦентар, а во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија.
На отварањето на настанот ќе се обратат м-р Горан Санев – директор на Археолошкиот Музеј на Македонија, Радомир Ивановиќ и Елена Каранфиловска од Институтот за Археолошки Истражувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...