Германците сѐ уште чуваат милијарди германски марки, речиси 28 години по повлекувањето од оптек на валутата на поранешна Источна Германија и 16 години од воведувањето на еврото.
Според податоците на Бундесбанк, на 31 декември 2001 година, на последниот ден пред воведувањето на еврото, имало 162,3 милијарди германски марки.
Досега, повеќе од 92 проценти од тие пари биле вратени или заменети за евра.
Но, според податоците од април, за замена сѐ уште чекаат 12,6 милијарди марки.
Во текот на изминатите 12 месеци, Бундесбанк замени 90 милиони марки. Останатите 12,6 милијарди марки вредат околу 6,3 милијарди евра.
Можат да се заменат во 35 филијали на Бундесбанк, а рокот за замена е неограничен. Официјалниот курс евро-марка и натаму е ист како во 2001 година – 1,95 марки за евро.