Извозот забележа раст од 31,5 отсто за четири месеци

Трговскиот дефицит изнесува 778 милиони американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесува 73,7 отсто.

109

Извозот на стоки од Македонија во првите четири месеци од годинава бележи раст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на извозот во првите четири месеци од годинава изнесувала 2,17 милијарди американски долари, а на увeзената стока 2,95 милијарди долари и бележи раст од 28,8 отсто.

Трговскиот дефицит изнесува 778 милиони американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесува 73,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-април 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...