При пукање на еден родител, околу 21.30 часот во стан на улица Гоце Делчев во Нов Белград, повредени се родителите на едно дете, јавуваат српските медиуми.
Детска расправија во парк за малку ќе прераснеше во трагедија, доказ е синоќешниот инцидент. Па расправијата меѓу две деца, таткото на едното од нив дошол во станот каде живеело другото дете и по разговорот со неговите родители при станување да си оди извадил пиштол и почнал да пука во нивните нозе.
При пукањето повредени се во нозете С.Ј. (43), татко на детето (12) и неговата мајка К.Ј (40). Насилниот родител пукал и во бабата, ама не успеал да ја погоди. Детето било присутно во станот и било сведок на ранувањето на родителите.
Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него интензивно.