Комичарот Ли Ридли, попознат како „Момчето без глас“, кој инаку е лице со попреченост, победи на шоуто „Британија има талент“.
Триесет и седумгодишниот комичар со својот хумор освои мнозинство од гласовите на вкупно 2,5 милиони гледачи. Тој во финалето ги победи своите соперници Роберт Вајт, исто така комичар и пејачот Дончез Дакрез.
Ли Ридли инаку е роден со церебрална парализа, поради што има пречки во говорот, па своите шеги, кои честопати се и на негова сметка, ги кажува со помош на дигиталната технологија.
ФОТО: Твитер
.@LostVoiceGuy was our first act to go straight into the #BGT Final! Relive his LAUGH OUT LOUD performance NOW! 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/LDEf0LCPzW
— Britain's Got Talent (@BGT) June 2, 2018