Бројот на илегални мигранти во Албанија зголемен за 14 пати

Од почетокот на годинава забележан е раст на илегални имигранти кои од северниот дел на Грција влегуваат во Албанија, со цел да го продолжат патот кон западно европските земји.

96
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Од почетокот на годинава забележан е раст на илегални имигранти кои од северниот дел на Грција влегуваат во Албанија, со цел да го продолжат патот кон западно европските земји.

Според албанскиот премиер Еди Рама, во периодот јануари-мај 2018 година откриени се околу 2.000 илегални имигранти, што е за 14 пати повеќе споредено со истиот период лани.

– Овие бројки не се загриживачки за цела Европа, но може да бидат. Значи, ние не треба да ја направиме истата грешка од 2015 година. Треба да бидеме проактивни, за што зборував и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, за да се унапреди соработката со цел да не се повтори грешката од 2015 година, изјави Рама за австриската телевизија АРД.

Тој посочува дека не верува во физички бариери, туку дека повеќе верува во, како што вели, бариери на соработка.

– Не верувам во физички бариери, туку верувам во бариери на соработка меѓу државите и луѓето. Доколку ваквата бариера е добро изградена, тогаш се ќе биде многу подобро и доколку биде како што треба, не само што ги заштитува границите, туку и достоинството на луѓето, оцени Рама.

Според полициската статистика, само од 22 мај, па до вчера, во Албанија се откриени 106 нелегални имигранти или во просек по десет во едно деноноќие. Поголемиот број од нив се државјани на Сирија, но има и мигранти од Јемен, Ирак, Алжир, Либија и Пакистан.

Најголемиот дел од нив се откриени на подрачјето на северниот албански град Скадар, при обид да ја минат границата со Црна Гора.

Поради зголемеиот број имигранти директорот на Европската агенција за управување со надворешните граници Фронтекс, Фабрис Леџери, најави дека во северниот дел на Грција, кон границата со Албанија, првпат ќе бидат распоредени 45 офицери на Фронтекс, со цел да се спречи приливот на мигранти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...