Вицепремиерот Кочо Анѓушев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, информираше дека ветената мерка за поврат на ДДВ во пилот фаза ќе се спроведе во неколку општини.
– За тој проект во моментов се размислува за да не влијае негативно, ниту на страната на Буџетот ниту на граѓаните и согласно моите сознанија ќе биде пуштено како пилот проект во неколку општини, а потоа и на целата територија на Македонија -информираше Анѓушев.