Пејачката од Барбадос ја раскина врската со Хасан Џамал, богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија, пренесуваат странските медиуми. Ријана наводно решила да стави крај на врската, бидејќи милијардерот и здодеал.
– Ријана и Хасан беа заедно извесно време. Врската беше добра, но сега е готово. Секако, Ријана му го скрши срцето. Ништо не се случи, не се караа, само што на Ријана и здодеа да биде во врска со него. Понекогаш мажите и стануваат здодевни – рекол добро информиран извор.
Инаку, семејството на Хасан го води претставништвото на „Тојота“ автомобилите, а тој е претседател на семејниот бизнис „Абдул Латиф Џамал“.