Словенците денеска гласаат на парламентарни избори

159

Гласачките места во Словенија утрово се отворени во 7 часот за 1,7 милиони гласачи на парламентарните избори во земјата. Гласачите ќе бираат меѓу 1.600 кандидати за 90 пратенички места.

На парламентарните избори, кои се осми од прогласувањето независност на земјата, учествуваат 25 партии.

Во анкети води опозициската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша со околу 25 отсто гласови.

Дел од медиумите веќе почнаа да излегуваат со текстови во кои се предвидува дека токму Јанша би можело да биде новата главоболка за челниците на ЕУ во Брисел, кои и онака деновиве имаат доста проблеми со случувањата во Италија.

Изборите во Словенија се случуваат една недела пред закажаниот термин, откаkо падна владата на премиерот Миро Церар.

Повеќе од 3.000 гласачки места ќе бидат отворени до 19 часот, а прелиминарните резултати се очекуваат до 22 часот, пренесуваат словенечките медиуми.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...