Арифи: Годинава ќе се формира војска на Косово и ќе се укинат визите

138

Шефот на кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и главен преговарач во техничкиот дијалог со Србија, Авни Арифи, е убеден дека годинава Косово ќе ја формира својата војска и дека граѓаните ќе можат да патуваат во Европа без визи, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Арифи на својот профил на Фејсбук напиша и дека годинава Косово ќе стане членка на Интерпол и дека ќе се корегира границата со Црна Гора.

„Годинава граѓаните на Косово ќе патуваат без визи во ЕУ; Годинава Косово ќе ја формира својата војска; Годинава Косово ќе стане најновата членка на Интерпол; Годинава ќе се корегира границата со Црна Гора; Оваа и идните години се години на Косово. Нема да се запре Косово на патот на развојот и прогресот“, порача Арифи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...