На Сораја и е забранет влез во Србија!

Старлетата повеќепати е сослушувана во полицијата и дека постојат информацииа дека е блиска со луѓето од еден од завоените криминални кланови, чијшто конфликт досега однел повеќе од 20 жртви.

757

Старлетата Сораја Вучелиќ е вратена пред неколку дена од српската граница, бидејќи нејзиното име се нашло во регистерот во кој се наоѓаат имињата на безбедносно-интересните лица на кои им е забранет влезот во Србија, дознава српски „Курир“!

Извор за „Курир“ открива дека старлетата се обидела да влезе во Србија од Црна Гора, како и дека била шокирана кога и било соопштено дека не постои начин да дојде во Белград, во кој, инаку, главно престојува.

 

– На Сораја Вучелиќ и е забранет влезот во согласност со Законот за странци, врз основа на кој без посебно образложение влез во земјата може да им се забрани на странски државјани со цел да се заштитат јавниот мир и безбедност на Србија и на нејзините граѓани. Списокот постои од порано, но тој неодамна е проширен и тогаш на неа се нашло и името на Сораја. Имињата во регистарот се тајна, и дури ниту лицата кои се на списокот не се информирани за тоа, туку дека не можат да влезат во Србија дознаваат дури кога ќе се појават на граничниот премин – објаснил соговорникот на „Курир“.

Тој потсетува дека старлетата повеќепати е сослушувана во полицијата и дека постојат информацииа дека е блиска со луѓето од еден од завоените криминални кланови, чијшто конфликт досега однел повеќе од 20 жртви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...