Угина кит откако проголта повеќе од 80 пластични кеси

244

На југот на Тајладн угина кит откако голтнал повеќе од 80 пластични кеси, соопштија денеска локалните власти по безуспешните обиди за спасување на младиот кит.

Министерството за поморство на Тајланд денеска соопшти дека китот бил пронајден речиси мртов во близина на границата со Малезија. Ветеринарски тим се обидел да го спаси, но китот угинал вчера попладне.

Резултатите од аутопсијата покажале дека несреќното животно во желудникот имало повеќе од 80 пластични кеси со вкупна тежина од околу осум килограми.

Биологот и предавач на Универзитетот Касерсарт во Бангкок Том Тамронгнавасават објасни дека поради кесите, китот не можел да се храни.

Тајланд е една од земјите која троши најмногу пластични кеси во светот, што секоја година доведува до смрт стотици морски животни кои живеат до плажите на таа земја.
Секоја година најмалку 300 морски животни, меѓу кои китови, морски желки и делфини угинуваат во тајландските морски води откако ќе проголтаат пластика. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...