Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека активностите на компанијата Убер во земјата се завршени, објави весникот „Дејли Сабах“.
Ердоган синоќа изјави дека Турција има сопствен систем за такси услуги и властите нема да дозволат странска компанија да го уништи овој систем.
– Крај на бизнисот на Убер во Турција – рече Ердоган.
Компанијата Убер е принудена да престане со работа во повеќе европски земји.