Функционирањето на платежниот систем „Виза“ речиси се нормализира, се наведува во соопштението од компанијата.
Вчера, „Виза“ соопшти за проблеми при услугите, поради што беа оневозможени некои трансакции во Европа да бидат обработени.
Подоцна, фирмата информираше дека нивните системи функционираат „блиску до нормалното ниво”.
Компанијата информира дека проблемот бил „резултат на хардверски дефект”.
„Немаме причина да веруваме дека тоа било поврзано со некој неовластен пристап или злонамерен настан”, соопшти „Виза“.