Кинеска вазна од 1700 година продадена за 14.5 милиони долари

125

Кинеска вазна стара неколку веково, која некогаш била чувана во склад во музеј во Оклахома, продадена е на аукција во Хонгконг за 14.5 милони долари.

Ретката порцеланска вазна дадена е на музејот на уметноста во градот Талса во 1960 година. Вазната била дел од постојаната поставка на музејот, иако била држена во магацин повеќе од една деценија.

АП наведува оти се верува дека изработката на вазната ја нарачал царот Чјанлонг во почетокот на 1700 година, а нејзината вредност е проценета од 9 до 11 милиони долари, во пресрет на аукцијата која се одржала во средата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...