Акционери на „Фејсбук“ побараа оставка од Закерберг

245

Годишниот состанок на акционерите на „Фејсбук“, настан на кој обично нема никакви случувања, годинава се карактеризираше со излив на бес и фрустрации во соочувањето на инвеститорите со директорите на компанијата, зад која стои година полна со скандали, наведува Ен-Би-Си Њуз.

Американската телевизија оценува дека состанокот на моменти наликувал на „бунт“, при што инвеститорите го „решетале“ основачот Марк Закерберг со прашања во врска со неговото раководење со компанијата и начинот на кој се однесувал кон скандалот со собирање информации од корисниците на саоцијаланта мрежа од страна на фирмата „Кембриџ аналитика“.

– Угледајте се на Џорџ Вашингтон, а не на Владимир Путин – му порача еден инвеститор на Закерберг. Ваквата изјава во американските медиуми беше протолкувана како повик инвеститорот Закерберг да ја следи одлуката на Џорџ Вашингтон за повлекување од функцијата претседател на САД.

Ен-Би-Си њуз наведува дека за време на изборот на членовите на Управниот одбор на „Фејсбук“, една жена го прекинала состанокот и ги повикала акционерите да спречат Закерберг повторно да биде избран за негов член. Сепак, сите осум членови на Одборот, вклучувајќи го и Закерберг, беа повторно избрани.

Американската телевизија оценува дека состаноците на собранието на акционери обично се формалност, бидејќи гласачката моќ во компанијата и натаму ја контролира Закерберг и тесниот круг луѓе околу него, со што практично е невозможно да помине иницијатива на акционерите за негова смена, освен ако Закерберг не реши сам да се повлече.

На состанокот беа одбиени сиите 66 иницијативи предложени од страна на акционерите, меѓу кои и онаа за измена на правата на глас, со што Закерберг би ги загубил посебните гласачки права. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...