Наградени автори на јубилејната галерија на карикатури Скопје 2018

Имињата на наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури „Остен“ ги објави синоќа во Музеј на Град Скопје, каде што од денеска е отворена изложба со по едно дело од карикатуристите-учесници на јубилјеното издание на манифестацијата.

106

Белом Жан-Лоик од Франција ја доби првата награда за карикатура на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018 на галеријата „Остен“.

Покрај него, добитници на први награди во други три категории се: Лука Лагатор од Црна Гора – за сатиричен цртеж; Ратко Маричиќ од Хрватска – за стрип и Блаже Докулески – награда за македонски карикатурист на годината.

Посебни награди добија десет автори: Дарко Дрљевиќ од Црна Гора; Џовани Кури од Италија; Катаржина Кузиор од Полска; Златко Крстевски од Македонија; Константин Сунерберг од Белгија; Сергеј Семендјаев од Украина; Јитет Кустана од Индонезија; Михел Моро Гомез од Куба; Миленко Косановиќ од Србија и Иваило Цветков од Бугарија.

Имињата на наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури „Остен“ ги објави синоќа во Музеј на Град Скопје, каде што од денеска е отворена изложба со по едно дело од карикатуристите-учесници на јубилјеното издание на манифестацијата. Изложбата може да се посети до 10 јуни.

Учествуваат 208 карикатуристи од 50 земји со вкупно 792 дела. Првата селекција ја направи познатиот карикатурист од Турција Ердоган Басол, кој беше и член на жири, а останатите членови на интернационалното жири кое одлучуваше за наградите се: Ан Телнес од, САД (уредник-карикатурист на Вашингтон пост), Мостафа Рамезани, Иран/Франција (карикатурист и графички дизајнер), Владимир Казаневски од Украина (карикатурист и предавач по Теорија на уметноста на карикатурата) и Мице Јанкуловски од Македонија (уметник, карикатурист и претставник од „Остен“).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...