Ната да му врати за пита и сок, потоа 580 динари за два цедени портокала, 500 динари за јогурт,потоа …поранешниот кошаркар Лука Лазукиќ ги чувал сите сметки од рестораните и сè што плаќал додека бил во брак со Наташа Беквалац затоа што целта му била да се разведе од неа и да ѝ земе дел од имотот.
– Лука Лазукиќ смислено влегол во брак со Наташа Беквалац за да ѝ земе дел од имотот – вели адвокатот Стеван Jаковљевиќ.
Pознатиот адвокат Јаковљевиќ дошол до заклучок дека се работи за однапред испланирана измама и додава дека за време на својата триесетгодишна работа во адвокатурата никогаш се нема сретнато со ваков случај.
– Дефинитивно човекот во брак влегол со задача на сопругата да ѝ го земе целиот имот. Тоа се оние мажи што се женат и сакаат да земат сè. Тоа не била искрена врска. Тоа немало никаква врска со брак. Човекот веќе се подготвувал за тоа, но лошо се подготвувал – вели Јаковљевиќ и додава „тоа е под секое ниво на еден маж- згрозено раскажува адвокатот.
– Повеќе личи дека жената му давала пари затоа што никој маж не собира сметки освен ако подоцна не сака да докаже дека парите се негови. Не знам кој го подучил на вакво нешто. Замислете колкав куп документи се тоа. Замислете да сте платиле за цедени сокови од по 200 динари, а потоа да барате 20 милиони динари. Колкава е таа документација што мора да му ја доставите на судот? Нема шанси да го добие тоа што го бара – вели Јаковљевиќ.
Што бара Лука да му се плати:
580 динари за два цедени портокала
500 динари за два јогурта и ореви
1.700 динари за две пици „сицилијана“
190 динари за кока-кола зиро
4.022 динара за уред за наплата на патарина
38.954 динари за два повратни билета Белград-Атина