Син кит виден во Црвеното Море (ВИДЕО)

Син кит е виден првпат во Црвеното Море, т.е. во заливот Акаба, источно од Синајскиот Полуостров

205

Син кит е виден првпат во Црвеното Море, т.е. во заливот Акаба, источно од Синајскиот Полуостров, соопшти египетското Министерство на животна средина. Причините за оваа појава допрва ќе се истражуваат.

– Овие китови не се грабливци и не се опасни за луѓето. Препорачливо е, сепак, да не им се доближувате, соопшти претставник на Министерството.

Сините китови се загрозен вид. Нивната должина може да достигне и 30 метри, па важат за најголемото животно на нашата планета. Најчесто ги има во океаните и многу ретко се среќаваат во морињата. Нивниот лов е забранет.

Posted by Amir Rozanes on вторник, 29 мај 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...