Феномен познат како „Песочен ѓавол” снимен во Аризона ВИДЕО

162

Природниот феномен познат како „Песочен ѓавол”, бил снимен во вторникот во Скотсдејл, во американската сојузна држава Аризона.

Овој феномен главно е безопасен и не предизвикува никаква материјална штета. Најсилно се развива за време на топло и суво попладне. Всушност, тоа е најчестиот облик на кружно вртење на воздухот.

Не е препорачливо да му се приоѓа бидејќи има сила да вшмука човек. На снимката се гледа како мажот зборува дека „токму сега се движи кон него“, но не е премногу загрижен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...